ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност објаснува како ПОЗДРАВ ДОО ги обработува личните податоци на посетителите и корисниците при пристапување и користење на услугите преку нашата веб-страница https://morewipes.mk.

Идентификација на операторот

Оператор на личните податоци е:
ПОЗДРАВ ДОО, со интернет адреса: https://morewipes.mk.

Цели и начин на обработка

Собраните податоци се однесуваат на:

  • посетители на веб-страницата;
  • корисници кои нарачуваат производи преку платформата.

Веб-страницата не е наменета за лица под 18 години. Во случај да добиеме податоци од малолетно лице без согласност од родител или старател, тие ќе бидат веднаш избришани по добиено известување.

За извршување на нарачките, обработуваме:

  • име и презиме,
  • адреса за достава,
  • е-мејл адреса,
  • телефонски број.

Овие информации се неопходни за:

  • испорака на производите,
  • комуникација со купувачот околу статусот на нарачката.

Обработката е вршена со највисок степен на дискреција, во согласност со важечките регулативи за заштита на лични податоци.ркетинг.

Безбедност и доверливост

Применуваме соодветни технички и организациски мерки за:

  • спречување на неовластен пристап;
  • заштита од губење, фалсификување или уништување на податоците.

Сите вработени се обврзани со договор за доверливост и обука за заштита на податоци.

Обработка за маркетинг цели

Обработката за директен маркетинг се врши само со претходно дадена согласност, која се изразува со избор на соодветна опција при регистрација.

Оваа согласност важи исклучиво за:

  • добивање е-пошта со промоции и информации;
  • добивање SMS/Viber пораки (по посебна согласност).

Повлекување на согласност

Корисникот може во секое време да ја повлече дадената согласност преку:

  • клик на „unsubscribe“ во е-поштата,
  • испраќање е-порака на: info@morewipes.mk со барање за бришење телефонски број од базата.

Временски период на чување на податоци

Тип на податок Временски рок на чување
Податоци за нарачки и плаќања До завршување на административни процедури
Податоци за финансиски обврски 10 години од издавање на фактура
Податоци за регистрација и маркетинг До повлекување на согласност или барање за бришење

Колачиња (Cookies)

За подобро корисничко искуство, веб-страницата користи колачиња (cookies).
Колачињата не содржат лични податоци и не можат да пренесат вируси или да активираат програми.

Корисниците можат:

  • да изберат да зачуваат податоци при коментирање;
  • да дозволат автоматско најавување и персонализирани прилагодувања.

Коментари и Gravatar

При оставање на коментар, се зачувуваат:

  • податоци од формуларот,
  • IP адреса и податоци за прелистувачот,
  • хеширана верзија на е-маил адресата (за Gravatar).

Споделување на податоци

Личните податоци не се споделуваат со трети лица, освен:

  • во случаи предвидени со закон;
  • при достава на производи од овластени поштенски оператори, кои се обврзани на заштита на податоците.

Права на корисниците

Секој корисник има право да:

побара пристап, исправка или бришење на податоци;

  • ограничи обработка или поднесе приговор;
  • ја повлече дадената согласност во секое време.

Согласност и измени

Со користење на оваа веб-страница, корисникот дава согласност за Политиката на приватност.
Сите измени стануваат важечки со објавување на веб-страницата.

Контакт

E-mail: info@morewipes.mk

Телефон: 076 445 552 – Аница Димеска

 

Со почит

ПОЗДРАВ ДОО Скопје