Нашата приказна

Во Поздрав веруваме дека секој човек, без разлика на пол, заслужува самодоверба и целосна контрола токму во најинтимните моменти. Нашата мисија е да создадеме иновативни, безбедни и дискретни решенија што го унапредуваат интимниот живот на паровите, нудејќи квалитет и ефикасност – без компромиси.

Со нашиот прв бренд MORE влегуваме во полето на интимноста, самодовербата и менталното здравје поврзано со истите. Со првиот производ од овој бренд MORE Wipes ѝ даваме на секоја двојка производ што навистина делува – без непријатни несакани ефекти, без сложени процедури и без нарушување на природната блискост. Благодарение на супериорната формула од внимателно одбрани состојки, обезбедуваме едноставно, брзо и дискретно решение кое им помага и на партнерите обострано да уживаат.

Заедно создаваме моменти што траат – со MORE Delay Wipes.

Мисија

Да обезбедиме иновативни, безбедни и научно поткрепени решенија за интимно здравје, отворено адресирајќи ги младешките предизвици – „од-до“ сѐ што влијае врз интимната добросостојба на мажите и жените, со цел секој човек да чувствува самодоверба, комфор и целосно уживање во своето тело.

Визија

Да станеме водечки МК авторитет во сферата младелашко здравје, каде што разговорот за интимните проблеми е јавно прифатен, а нашите производи и едукативни програми поставуваат нови стандарди за квалитет, етика и инклузивност.

Вредности

ЧЕСНОСТ И ИНТЕГРИТЕТ
Делуваме транспарентно, ги почитуваме сите национални и меѓународни стандарди и никогаш не даваме неосновани ветувања.

НАУЧНА ПОТКРЕПА
Советите се базирани на рецензирани истражувања и консултации со лекари и со авторитети - експерти во својата област. 

ДИСКРЕТНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ
Приватноста на клиентите е апсолутен приоритет; нашите пакувања, комуникации и услуги се дизајнирани да се користат ненаметливо.

ИНКЛУЗИВНОСТ
Ги опфаќаме потребите и на мажите и на жените, без табуа и стигми, поттикнувајќи здрав и отворен дијалог за сите аспекти на интимното здравје.

ИНОВАЦИИИ
Континуирано инвестираме во R&D за да воведеме напредни, природни и ефикасни решенија кои го подобруваат квалитетот на животот.

ОПШЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Партнери сме со здравствени организации и образовни иницијативи за да ја зголемиме свесноста и пристапот до вистинити информации за интимното здравје.

Зошто ПОЗДРАВ?

  • Иновативни решенија поткрепени со наука
  • Дискретен и практичен дизајн
  • Непоколеблива посветеност на квалитет и безбедност
  • Фокус на поголемо интимно задоволство и самодоверба

Во Поздрав не ни е цел само да пласираме производ – сакаме да го промениме начинот на кој мажите, жените и паровите ја доживуваат интимноста. Со MORE Wipes нудиме повеќе од решение; создаваме ново, подлабоко искуство што внесува доверба и слобода во секој момент.

Дополнително, преку едукативни програми, транспарентни информации и модерно осмислено пакување, градиме култура каде интимното здравје е приоритет, а табуата припаѓаат на минатото.

Партнерство во кое растеме заедно!

Доколку сте дистрибутер, сопственик на аптека, маркет, супермаркет, бензиска станица, трафика или онлајн продавница, придружете ни се и понудете им на вашите клиенти револуционерен производ.